Комесарот за проширување на Еворпската унија, Штефан Филе, на денешната средба со лидерскиот двоец на СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шекеринска во Брисел, побарал од најголемата опозициска партија во Република Македонија да се врати во парламентот.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, во соопштението што го лиферуваше кабинетот на Филе по утринската средба, еврокомесарот ја повикал опозицијата да се вклучи во работата на Собранието, како најдобар начин за решавање на проблемите и да придонесе за неопходните реформи во земјата.
– Комесарот Филе ја повика опозицијата да се вклучи во работата на парламентот, како најдобар начин за решавање на проблемите и да придонесе за реформите неопходни за земјата. Напуштањето на демократските институции ги слабее истите, а силни демократски институции се во интерес на земјата – се наведува во соопштението на Европската комисија.
Во соопштението на неформалната Влада на Европската унија, во однос на средбата Филе-Заев-Шеќеринска, се потврдува дека по неодамнешните избори во земјата, тие разговарале за повторените препораки на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во однос на пристрасното медиумско покривање и недостатокот на поделба меѓу државата и партиски активности. Тоа го посочи и СДСМ во своето соопштение од оваа средба, со оглед на тоа што Заев и Шекеринска одбија да дадат изјава за дописникот на МИА од Брисел.
– Во овој контекст, комесарот истакна дека новата влада има јасна одговорност за решавање на овие недостатоци, како и на оние што неколку пати се посочуваат во извештаите за напредокот на земајта на Еврокомисијата и тоа како прашање на итност – се наведува во соопштението од кабинетот на Филе.
На крајот од ова соопштение, се наведува дека комесарот за проширување ја повторил континуираната поддршка на Комисијата за напорите на земјата на нејзиниот пат кон интеграција во ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



