| четврток, 6 декември 2018 |

Вугринец: Ќе дебитирам за Македонија, мојата втора држава

Ракометарот на Металург Ренато Вугринец на бараж-натпреварот против Грција ќе го има своето деби за македонската ракометна репрезентација.

– Дебито не е како секој натпревар, тое нешто посебно. Ќе дебитирам за Македонија, мојата втора држава. Дефинитивно, против Грција, покрај спортскиот, има и друг набој, но сега тој да го оставиме настрана и да им покажиме што знаеме и умееме. Влогот не е голем туку преголем, а тоа е пласман на Светското првенството – вели новопечениот македонски репрезентативец Ренато Вугринец.

– Поголем дел од репрезентативците ги познавам бидејќи доаѓаат од Металург и од Вардар. Подготовките во Охрид добро ни дојдоа на сите откако имавме напорна и успешна сезона. Среќен сум меѓу момците, кои одлично ме прифатија и мислам дека сме подготвени за големи работи – додава Вугринец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top