Ѕвездата од реално шоу Кортни Кардашијан и нејзиниот сопруг Скот Дисик очекуваат трето дете. Наводно, Кортни е повторно бремена и тоа по неполни две години откога ја доби ќерката Пенелопе.
– Бремена е веќе неколку месеци – рекол извор за „Ас викли“.
Овие гласини беа потикнати од однесувањето на Кортни во последно време кога папараците ја сликале за време на дружењето со сопругот, сестрата Клои и раперот Френч Монтан. Друштвото уживало во доброто вино, но не и Кортни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



