| четврток, 6 декември 2018 |

„Рамбо“ од Канада изрешетил тројца полицајци

Тројца полицајци загинаа, а двајца се ранети во пукотница во градот Монктон, во источната канадска провинција Њу Брансвик.

Полицијата вчера пристигнала на повик за вооружен маж во северниот дел на Монктон, по што дошло до вооружена пресметка, во која тројца полицајци се убиени, а двајца се ранети и тие се во стабилна состојба.

1222934-ubi

Полицијата трага по осомничениот 24-годишен Џастин Бурк од Монктон, кој е вооружен со самострел, нож и автоматска пушка.

Канадскиот министер за јавна безбедност, Стивен Бланеј, на „Твитер“ напиша дека е шокиран од трагедијата и оти неговите мисли и молитви се со ранетите полицајци и со семејствата на жртвите.

kanada500

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top