| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца повредени во сообраќајката во Аеродром

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа која се случи синоќа во скопски Аеродром.

1964972_10203791214002228_6634427038818734255_n

Според информациите на МВР, несреќата се случила кога се судриле 29-годишниот Н.Л. од Скопје, управувајќи со мотор и четириесет и пет годишната Б.З.  со „шевролет спарк“ . Повредени се сопатничката на моторот С.П. (25) и лицето кое управувало со моторот.

Двете лица се пренесени во Ургентниот центар и констатирани им се телесни повреди.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top