Кралско отворање на финалето во НХЛ за Лос Анџелес кингс, екипа што ја оствари првата победа против Њујорк ренџерс и води со 1-0 во директна битка за титулата.
Премиерата се одигра ноќеска во ЛА, а Њујорк прв го проби мразот со голот на Пулиот за 1-0. Ренџерс имаа предност и од два гола разлика, по погодокот со играч помалку на Хагелин, но домашниот тим уште еднаш потврди дека за нив нема загубен натпревар. Кингс победија во три серии претходно, со триумф во последниот седми меч, а и овојпат беа на работ на пораз, па, сепак, слаева победа.
Клифорд намали на 1-2, а потоа во вториот период Даути израмни на 2-2. Во последната четвртина немаше голови, а мечот го реши Вилијамс со прецизен удар во петтата минута од продолжението. Следниот натпревар повторно се игра во градот на ангелите. Шампион ќе биде екипата што прва ќе забележи 4 победи во максимум 7 натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)