На интернет се појави и прирачник кој на жените им кажува како (не) треба да се однесуваат за време на мундијалот во Бразил. Правилата брзо се проширија и на социјалните мрежи, а некои од нив сигурно ќе ве насмеат:
- 1. Ако кажеш дека Кристијано Роналдо е згоден фраер, излегуваш надвор.
- 2. За време на мечевите, телевизорот е мој. Турските серии можат да почекаат.
- 3. Веројатно ќе се обложувам на некои мечеви, па ако губам, никако не вели „Тоа е само меч“ и „Ќе победат следниот пат“.
- 4. Сексот е забранет за време на мечевите. И иако тоа не го правиме често, немој да настојуваш само за да го добиеш моето внимание. Орално задоволување е дозволено.
- 5. Нема да одиме на гости кај пријатели освен ако тие не организирале заедничко гледање на мечевите.
- 6. Можеш да гледаш меч со мене под услов да молчиш.
- 7. Не прашувај ме што е офсајд. Одговорот ќе биде „Кога ти излегуваш од кујната“.
- 8. Ако чуеш дека врескам по тебе, биди подготвена да донесеш храна, пиво или батерии за далечинскиот управувач.
- 9. За еден прекршок на овие правила се добива предупредување, за два истерување од дневната, за три раскинување или развод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“