| четврток, 6 декември 2018 |

Швајцарија замрзна украински сметки

svajcarijaШвајцарија замрзна речиси 190 милиони долари средства на сметки на соборениот украински претседател Виктор Јанукович и негови блиски соработници.

По наредба на Владата замрзнати се 75 милиони украински средства, изјави претставник на швајцарското МНР.

Дополнително, швајцарското Обвинистелство почна истрага против Украинци под сомнение за перење пари и блокирале 112 милиони долари.

Киев веќе идентификувал околу три милијарди долари средства кои биле присвоени при владеењето на Јанукович, според украинското Обвинителство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top