| четврток, 6 декември 2018 |

Централноафриканската Република забрани СМС пораки

Sms-533x272

Владата на Централноафриканската Република забрани испраќање СМС пораки во обид да ја стабилизира државата.

Премиерот Андре Нзапајке изјави дека е дадена наредба за стопирање на таа услуга откако преку неа се мобилизирале луѓе за протести и демонстрации. Немирите во ЦАР почнаа откако бунтовници од муслиманската коалиција Селека го соборија од власт претседтаелот Франсоа Бозизе (христијанин) во март минатата година.

Околу 2.000 француски и 6.500 африкански војници се обидуваат да запрат меѓуетничко насилство во поранешната француска колонија. Според соопштенија, во немирите има илјадници убиени и околу милион раселени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top