| четврток, 6 декември 2018 |

Познат битолски адвокат се задавил со парче месо

Денеска на Светонеделските гробишта во Битола е погребан познатиот битолски адвокат М.Ѓ., кој почина доцна синоќа од бизарна смрт, на 54-годишна возраст пишува весникот „Нова Македонија“

policiska-lenta

Според обдукциониот наод на  одделението за судска медицина на Клиничката болница во Битола, M.Ѓ. починал од давање со парче месо.

Според засега непотврдени  информации  битолскиот адвокат  синоќа во својот дом наводно  вечерал заедно со својата  придружничка.

Во еден момент тој почнал да се дави од парче месо, по што  придружничката испаничена го напуштила домот и пријавила в полиција, оставајќи го адвокатот самиот да се бори за својот живот. Тој подоца бил пронајден мртов во неговиот дом,  пишува весникот Нова Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top