| четврток, 6 декември 2018 |

Мајмунчето Лука ги освојува сите посетители на ЗОО

majmun500

Oмилениот член во скопската Зоолошка градина мајмунчето Лука ги краде погледите и ги освојува срцата на сите посетители.

Иако е мајмунче павијан, Лука се однесува како детенце и ужива додека си игра.

Лука секој ден е облечен во чиста облека, претежно со животински принтови. Носи и пелени и обожава да се клацка на клацкалка.

Ова прекрасно мало мајмунче, набрзо по раѓањето беше отфрлен од мајка си, но за среќа, најде место во срцата на негувателите од градината. Роден е на 18 февруари и веќе има осум запчиња

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top