Американскиот милионер продолжува со неговата игра, односно тој крие пари на тајни локации, а граѓаните преку „Твитер“ добиваат инструкции каде да ги бараат.
Овие денови во Америка вистинска сензација е Твитер профилот „#HiddenCash“ каде што непознат милионер објавува локации на кои скрил пари.
Викендов скриените пари се наоѓале на плажа во Лос Анџелес, што воедно е продолжение на проектот на мистериозниот богаташ, 36 играчки енгри брдс полни со пари биле скриени под песокот на плажата Хермос.
– Заработив милиони во последниве неколку години, што е многу повеќе од тоа што го очекував, а повеќето мои пријатели не можат да си дозволат ни скромна куќа. Ова е мој начин да ѝ вратам на заедницата – изјавил милионерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.