| четврток, 6 декември 2018 |

Со фалсификувани 50 евра купувале бензин

50 евра

СВР Струмица поднесе кривична пријава за Т.Л.(19), Д.Т.(21) и Б.А.(23), сите од Струмица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело фалсификување пари.

На 16.03.2014 година, првопријавениот откако обезбедил фалсификувана банкнота од 50 евра и по претходен договор со второ и трето обвинетиот се обидел да купи гориво на бензинската пумпа во Струмица.

Од страна на полициски службеници од СВР Струмица по преземени мерки кај Ф.Т. од Струмица се пронајдени уште шест фалсификувани банкноти со ист сериски број.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top