| четврток, 6 декември 2018 |

Бекам се враќа од пензија

Поранешниот англиски репрезентативец Дејвид Бекам изјави дека е можно да се врати од пензија, 13 месеци откако заврши со професионалното играње фудбал.

Бекам за „Би-Би-Си“ рече дека ја поминал фазата на уживање и дека се наоѓа во големо искушение повторно да игра фудбал.

– Сега гледам кошаркарски натпревари, а кога ги гледате спортистите како ја играат својата игра, тоа ви го враќа чувството на уживање и сакате повторно да се вратите. Помислувам дали можам повторно да се вратам на професионалните обврски како активен фудбалер – истакна Бекам.

Тој е во обид да оформи сопствен клуб во Мајами, кој би се натпреварувал во американската МЛС лига.

Во професионалната кариера Бекам настапувал за Манчестер јунајтед, Престон, Реал Мадрид, Лос Анџелес Галакси, Милан и за Пари Сен-Жермен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top