Легендарниот Дејвид Бекам веќе четири години е во пензија, но се јави со свој коментар за Франческо Тоти. Тој вели дека има само една неостварена желба во фудбалот, а тоа е да игра во ист тим со „принцот на Рим“, а можел да си ја оствари желбата.
– Имав шанса да играм за Рома како позајмен играч, додека бев во Америка. Една од најголемите причини зошто таа понуда ми беше примамлива, е да играм во ист тим со Франческо Тоти. Тоа сигурно ќе беше посебно задоволство. Секогаш беше посебно и кога бев на спротивната страна од теренот против Тоти – изјави Дејвид Бекам.
Франческо Тоти денеска на „Олимпико“ ќе го одигра последниот меч во дресот на Рома, а противник ќе биде Џенова, чиј член е Горан Пандев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.