| четврток, 6 декември 2018 |

Размена на туристички искуства со Словенија и со Италија

turizam-500

Министерството за економија на Република Македонија и УНИДО денеска организираат работилница „Кластери во туризмот, продуктивни индустрии и регионален развој“, како дел од проектот „Промовирање на одржливи врски и развој на кластери во македонската туристичка индустрија“.

Целта на оваа работилница е да се споделат искуства од две успешни студии на случај, од Словенија и Италија, и да се истражи потенцијалот за нивна реализација во регионот на Охридско Езеро и на тиквешкиот регион.

Воведно обраќање и претставување на проектот ќе имаат Анче Трифунов, државен секретар во Министерството за економија, и Аднан Шариќ, менаџер на проектот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top