| четврток, 6 декември 2018 |

Јас сум последната што го виде малезискиот „боинг“ пред да исчезне!

maleziski boing 777

Четириесет и едногодишната Кетрин Ти од Велика Британија пловела со својата јахта низ водите близу Индонезија во моментот кога исчезна малезискиот авион „боинг 777“ со 239 патници и членови на екипажот. Таа е уверена дека го видела авионот за кој тврди дека бил во пламен и дека од него излегувал чад.

– Видов долгнавест авион како сјае портокалово, а зад себе оставаше трага од црн чад – опишува Кетрин која тврди дека авионот летал од север кон југ.

Во исто време во нејзиниот видокруг имало уште два авиона, но овој летал на двојно помала височина. Најпрво мислела дека станува збор за метеор или дека ѝ се привидува, но неодамна ги прегледала податоците од својот ГПС уред и откако ја видела траекторијата на движењето на „боингот“, заклучила дека е можно да го видела авионот по кој се трага речиси три месеци.

Својата приказна ја раскажала ја интернет форум за јахти, а истото го кажала и за италијански медиуми. Известени биле и истражителите во Перт, Австралија од каде што се води потрагата по леталото. Оттаму ѝ ветиле дека детално ќе прегледаат сѐ што им кажала.

– Забележав нешто што личи на авион, па си реков дека мора да сум луда. Ми привлече внимание портокаловата боја, а никогаш не сум видела портокалов авион, па ме интересираше за што станува збор. Видов уште два авиона како летаат во спротивен правец и тие имаа вообичаени сигнални светла. Не ни помислив да кренам тревога, замислете каков идиот би испаднала да се јавев некому, а да немаше ништо – вели таа.

Таа решила да проговори јавно откако некој на форумот ѝ сугерирал дека е можеби последната личност што го видела авионот пред да исчезне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top