| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ и Гулбис во меѓусебна пресметка за финале на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ и Ернест Гулбис ќе играат меѓусебе за пласман во финалето на Ролан Гарос, по денешните убедливи победи без загубен сет против Милош Раониќ, односно Томаш Бердих.

Ѓоковиќ по 21. пат ќе игра во полуфинале на гранслем турнир, а дотаму дојде со импресивни игри на турнирот во Париз. И попладнево српскиот тенисер издржа вистинско бомбардирање од моќниот сервер Раониќ, кој имаше дури 21 ас и славеше со 7-5, 7-6, 6-4. На Новак му недостасува титулата од Ролан Гарос за да го има комплетот од трофеи на четирите гранслем турнири.

Гулбис за првпат ќе игра полуфинале на големите турнири, а против Ѓоковиќ има биланс од 1-4. Денеска Летонецот беше подобар од Бердих и победи со 6-3, 6-2, 6-4.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top