| четврток, 6 декември 2018 |

Комплексот „Свети Наум“ доби нов изглед

Привршува уредувањето на манастирскиот комплекс „Свети Наум“ во Охрид, пишува Охридпрес.

manastirsvnaumrenoviranje

Просторот пред манастирот е ограден и е изведена нова влезна капија. Возилата можат да се паркираат единствено на паркингот пред влезот во комплексот.

Во комплексот се поставени јавни тоалети, како и неколку типизирани куќи за продажба. Изградена е фонтана и пешачки патеки, а целокупниот простор на овој локалитет доби и ново хортикултурно уредување.

Зафатите ги финанасира Дебарско-кичевската епархија, на која и припаѓа и целиот овој комплекс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top