Општина Центар почна да ја спроведува Одлуката за субвенција од 30 проценти од цената за купување нов велосипед, но, најмногу до 3.000 денари.
Секој полнолетен жител на општина Центар што ќе купи велосипед, за да ја добие субвенцијата, потребно е да достави барање за субвенционирање за купен велосипед, копија од лична карта и од трансакциска сметка и фискална сметка со сметко-потврда или фактура за купен велосипед.
– Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на општина Центар, барака 6, почнувајќи од денот на влегување во сила на Одлуката за субвенционирање на граѓаните на Општина Центар при купување на велосипед, односно од 2 јуни 2013 година. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето, соопшти денеска општина Центар.
Правото на субвенција е еднократно, а за првите пет кои ќе поднесат барање, следува пригоден подарок
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Пожар во центарот на Скопје (фото)
-
Трагедија во Холандија: Четири деца загинаа кога воз удри во велосипед
-
Скопје доби полицајци на велосипед: Во Центар ќе патролираат шест полицајци-велосипедисти