Министерството за здравство спроведе групна набавка на инфузиски раствори за потребите на јавните здравствени установи, со што се постигнати
пониски цени за растворите и се унифицираат цените за ЈЗУ.
Министерот за здравство Никола Тодоров денеска на прес-конференција информира дека со постигнатите пониски цени за инфузиските раствори се заштедува на годишно ниво 16.864.490 денари или приближно 274.219 евра.
– Имајќи предвид дека овој тендер е со важност од две години, вкупната заштеда за јавните здравствени установи за две години изнесува над половина милион евра односно 33.728.980 денари – нагласи Тодоров.
На ниво на одделни ставки од набавката на инфузиски раствори, појасни Тодоров, за набавка на содиум хлорид 0,9 проценти 500 мл, заштедата за една година е 9.100.000 денари, за содиум хлорид 0,9 проценти 100мл е 985.000 денари, додека за набавка на глукоза 5 проценти 500 мл, заштедата на годишно ниво е 3.820.000 денари.
– По склучувањето на рамковната спогодба, таа ќе се однесува на сите јавни здравствени установи кои учествуваа во групната набавка и ќе се однесува на деловите во кои е постигната пониска цена од добиената цена во постапката во рамки на самите установи. Тоа значи дека здравствените установи кои имаат постигнато пониски цени од групната набавка за некој дел или делови, нема да склучат договор само за тие ставки за кои постигнале пониски цени – појасни министерот Тодоров.
Во однос на заштедата, Тодоров посочи неколку примери за постигнати заштеди на ниво на поединечни здравствени установи, како што е Клиничката болница во Тетово во која за две години заштедите би изнесувале 3.133,330 денари или околу 50.600 евра, за набавката на овие инфузиони раствори заштедите за две години во Општата болница во Прилеп ќе бидат 2.723,161 денар, додека Општата болница во Гостивар ќе заштеди 2.619,198 денари.
Според министерот Тодоров, значителен износ на заштеди се постигнува и во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“-Скопје за две годни 2.493.896 денари, во струмичката општа болница 2.301,514, ддоека ГОБ „8 Септември“ ќе заштеди 1.412.018,06 денари за две години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Владата ќе потроши 52.000 евра на пршута, стекови и сокови
-
Најскапото кафе на светот ќе се служи во Владата, еве колку ќе чини кафето на Заев
-
Тодоров: Со паралелниот увоз на лекови беше разбиен монополот, не е точно дека лековите не се квалитетни (видео)
-
Тодоров отвори адвокатската канцеларија, ќе се посвети на адвокатурата



