Владата ќе набави месо и сокови во вредност од 32 милиони денари, објави Нетпрес. На страната на бирото за јавни набавки објавени се три огласи на кои како договорен орган стои Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, а чив предмет на договор е набавка на месни производи и сокови.
Во првиот оглас предмет на набавка е свежо пилешко месо во вредност од 1.500.000 денари.
Во спецификациите на оваа набавка стои дека ќе се набават неколку тони пилешко месо, пилешки стекови како и мисиркино филе.
Во друг оглас стои дека ќе се изврши набавка на сувомеснати производи во вредност од 600.000 денари.
Тука предмет на набавка е говедско пушено месо, печеница, свински врат, ребра и други останати сувомеснати производи.
Владата исто така планира и набавка на газирани сокови во вкупна вредност од 1.100.000 денари односно 18 илјади евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Најскапото кафе на светот ќе се служи во Владата, еве колку ќе чини кафето на Заев
-
Костадиновски: До повисоки приходи и квалитет на производите со набавката на високоприносен добиток
-
Државниот инспекторат за труд се поднови со возила
-
Тодоров: Објавен најголемиот тендер за набавка на лекови за потребите на ЈЗУ