| четврток, 6 декември 2018 |

Директорот на Т-мобиле, Жарко Луковски, го кажа своето „да“

direktor-t-mobile-620x400

Главниот извршен директор на Т-Мобиле, Жарко Луковски се ожени во неделата, пренесува Вест.

Како што пишува весникот, неговата свадба била во сосема нетрадиционален стил, бидејќи младоженецот бил облечен во  црн костим без вратоврска и во амбиент како во њујоршките клубови.

Двајца сведоци му биле  кумот Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност и контраразузнавање,  а старосват Љубисав Лазаревиќ.

И двајцата  се  другари од детството на младоженецот, а на свадбата присуствувале уште и  300 гости.

Тие имаат две деца, од 2 години и од три месеци, а Ивана работи во ОНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top