-За да одиме на локални избори потребни се фер и демократски парламентарни избори – изјави Петров за порталот. СДСМ е подготвен да разговара со ВМРО-ДПМНЕ за заеднички кандидати за Струга и за Кичево, но за тоа е потребно да се создаде демократски амбиент – изјави генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров.
Тој потенцира дека СДСМ се подготвени за разговор околу евентуален заеднички кандидат, но како што рече, не може некој да очекува дека во услови кога пратениците од СДСМ ги тепаат, СДСМ да разговара со таа политичка партија за заеднички кандидат.
Од неговата партија, одговорија на соопштението на ВМРО- ДПМНЕ.
– Во вакви услови невозможно е да се одржат само локални избори, бидејќи тоа би значело легитимирање на однесувањето на власта, а сите оние кои би излегле на тие избори би станале соучесници во укинувањето на демократијата. Предвремените парламентарни избори не се само барање на опозицијата туку неопходност наметната од политичката криза, како и единствено можно решение за истата – се вели во денешното соопштение од СДСМ.
Македонија, како земја која сака да стане член на ЕУ и НАТО, се подвлекува, мора да ги промовира и применува вредностите кои се основен постулат на сите развиени демократии.
За СДСМ по случувањата во Собранието, меѓу другото, невозможно е да се очекува опозицијата, да се врати во Парламентот, кој во овој состав, како што подвлекуваат, нема никаков легитимитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


