Утре е големиот христијански празник Прочка и на еден ден пред него, кандидатот за градоначалник на општина Карпош од СДСМ и „Сојузот за иднината“ Андреј Петров на своите сограѓани им посака да веруваат и да се борат за вистинските вредности.
– Она на што нѐ учи верата, онака како што беа воспитувани постарите генерации, е дека вистинските вредности за кои треба да се бориме се слободата на секој граѓанин, можноста за пристоен живот на секој од нас, солидарност кон другите, несебичност, желбата да се стави општото добро пред личното – рече Петров.
Тој вети дека несебично ќе се залага за постарите жители и ќе изгради Дом за нега на стари лица бидејќи, како што рече, тоа што сега го имаат е под секоја пристојност.
– За најмладите, за иднината на Карпош, ветуваме изградба на нови градинки, отворање дневен престој за деца со посебни потреби со вклучен стручен надзор од лекар, педагог, психолог и медицинско педагошки сестри, како и со вклучена исхрана, истакна Петров.
За болните граѓани тој најави дека ќе основаат Фонд за помош за итни операции и лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Самохраните родители со ниски примања нема да плаќаат за градинка
-
Груевски: Современ градски пазар, нови градинки, спортско-рекреативни комплекси – многу проекти за Општина Струмица
-
Теловска: Царовска излажа, нема ниту нови градинки, ниту втора смена во нив
-
Општина Кaрпош: Нема услови градинките да работат во две смени, идејата на министерството е нефункционална