
Џамбо, лажниот спасител од поплавите во Обреновац, Србија, признал дека земал пари од фирми и луѓе и ги трошел на облека.
Слободан Неделковиќ (26), попознат како Џамбо, на сослушувањето признал дека глумел жртва. Тој вчера беше сослушан пред обвинителството, а денеска треба да биде изнесен пред истражен судија.
-Признавам дека целата моја приказна за сопругата и двегодишниот син ги измислив. Бев очаен, живеев како подстанар со двајца вујковци и баба. Ни самиот не знам како дојдов на таа идеја сето тоа да го измислам. Дел од парите кои ги добив ги потрошив на облека. Оние кое ме препознаваа од медиумите, ме застануваа и ми даваа пари на рака – изјавил Неделковиќ на сослушувањето.
Тој во своето полициско досие веќе има кривична пријава за кражби и измами. На сметката на Неделковиќ се уплатени 30.000 динари парични средства, а се истражува колку вкупно пари има добиено и кој ги донирал тие пари.
-Се сомневаме дека освен измама, тој крадел од поплавените станови и куќи во Обреновац. Многу е тешко да се соберат докази, па според нему најверојатно ќе му се суди само за измама, а точниот износ на хуманитарната помош ќе биде своевремено утвредн. Обвинителството ќе разгледа дали ќе поднесе пријава поради ширење страв и паника, со оглед на тоа што Неделковиќ се служеше со измислена приказна и носел немир преку злоупотребата и лажното представување пред медиумите, пренесува извор за Блиц.рс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


