| четврток, 6 декември 2018 |

Синот на Џамбо уби бремена жена (ФОТО)

xambo

Џорџ Вакакис (24) синот на бизнсменот и сопственик на „Џамбо“, вчера попладнето во сообраќајна несреќа го загуби животот, а загинаа и негов пријател, 33-годишна жена и нејзиното 3-годишно дете.Несреќното семејство Патманоглу запрело со автомобилот на паркинг, за таткото – возач на автомобилот, да отиде до тоалет, додека негвата сопруга и детето останале во „Хондата“. „Поршето“ на Вакакис влетало во нив, по што двата автомобили се запалиле.

zena-soob-dzambo

Преживеал само човекот кој бил во тоалет во моментот на несреќата.

Според пишувањата на грчките медиуми, семејството кое било во „Хондата“ е од Птолемаиде, а починатата жена била бремена.

Погребот на жената и малото дете ќе биде утре во нивното родно место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top