24-годишниот Џорџ Вакакис во неделата попладне во страшна сообраќајка несреќа се усмртил себе, својот пријател, 33-годишна жена и нејзиното 3-годишно дете.
Несреќното семејство Патманоглу сопрело со својата „хонда“ на паркинг, за таткото, инаку возач на автомобилот, да може да оди до тоалет, додека неговата сопруга и дете чекале во автомобилот. „Поршето“ на Вакакис налетало на нив и двата автомобила експлодирале. Преживеал само човекот кој отишол до тоалет.
Според пишувањето на грчките медиуми, станува збор за младо семејство од Птолемаиде во Грција, а загинатата жена во моментот на несреќата била бремена, пренесува „Телеграф.рс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.