| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците ќе се лекуваат бесплатно во Турција, Црна Гора, Бугарија

doktori-6-

Македонците ќе можат бесплатно да се лекуваат додека се на одмор во Турција, Бугарија, Германија, Австрија, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Чешка, Холандија, Луксембург, Белгија, Франција и Италија.

ФЗОМ склучи договор со 15 земји, па доколку во овие земји итно ви треба лекарска услуга може да се лекувате на товар на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

За да се добие оваа здравствена услуга, македонскиот граѓанин треба пред да замине во странство да аплицира до Фондот за двојазичен образец за една од земјите, кој е бесплатен и да поднесе пријава за задолжително здравствено осигурување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top