Северниот дел на Косово ќе добие повеќе од предвиденото според планот на Марти Ахтисари – автономија или етнички дел како Република Српска. Ова било договорено во Брисел, пишува денеска приштинскиот весник „Зери“.
Заедницата на српските општини, која била побарана од Белград, ќе ги опфати само општините на север, без оние јужно од реката Ибар.
„Зери“ наведува дека ниту еден детал од договорот меѓу премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи не е објавен со цел да се зачува внатрешниот мир поради „болните“ отстапки кои ги направиле и двете страни.
– ЕУ намерно не објави ниту еден детал, бидејќи станува збор за болни отстапки за Северно Косово. Со договорот се дава автономија на северниот дел на Косово: Ахтисари-плус или еден вид Република Српска, наведува „Зери“, додавајќи дека договорот е поддржан од Белград и Приштина и од посредничката во дијалогот Кетрин Ештон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации