Украинската армија утринава продолжи да го гранатира Славјанск, кој се наоѓа на истокот од Украина, а над градот се забележени и украински борбени авиони, изјави за ИТАР-ТАСС локалниот проруски лидер.
Самопрогласениот „народен градоначалник“ на Славјанск, Вјачеслав Пономарјов, истакна дека во утринските напади врз градот загинал еден цивил, како и дека гранатирањата на украинската војска најмногу се насочени кон центарот на градот, како и врз селото Семенјовка.
Покрај Славјанск, борби во текот на ноќта се воделе и во Краматорск, на десетина километри од градот, кои биле особено интензивни на локалниот аеродром.
Според најновите информации, тројца припадници на проруските сили загинале во предградитето на Краматорск, Јаснохирка, откако украинската армија со граната го погодила автомобилот во кој тие се наоѓале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.