| четврток, 6 декември 2018 |

И науката потврди: Русокосите не се помалку интелигентни од другите жени

plavusa

Едно истражување покажало дека бојата на косата нема апсолутно никакво влијание на нечија интелигенција и личност. Само мала промена на ДНК-та може да доведе до промена на бојата на косата. Чист стереотип е дека русокосите се глупави.

Истражувањето за „влијанието на бојата на косата врз интелигенцијата“ ја спровеле научниците од универзитетот Стенфорд во Калифорнија. Русокосите постојано се предмет на исмевање и главните актерки во вицовите.
Но сите оние кои имаат светла боја на косата сега може да се смират бидејќи научниците докажале дека „глупавите русокоси“ се чист стереотип.
Новот истражување открило дека бојата на косата само зависи од генетскиот код.

– Генетскиот механизам кој ја контролира русата коса не се менува и не влијае на ниту еден друг дел на телото – изјави водечкиот професор на ова истражување Дејвид Кингсли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top