| четврток, 6 декември 2018 |

Во Иран: Четворица го загубија животот во песочна бура

песочна бура

Во голема песочна бура, проследена со силен ветер, денеска во Техеран загинаа најмалку четири лица, а десетина се повредени.

Бурата започнала попладне, рушејќи дрва и расфрлајќи се што се најде на улиците, по автомобилите.

Во иранската престолнина поради бурата неочекувано падна мрак, а илјадници лица мораа да бараат засолниште. Иранските државни медиуми јавија дека брзината на ветрот достигнала 110 километри на час.

Најмалку 50.000 домаќинства останаа без струја, оштетени се голем број куќи и згради.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top