| четврток, 6 декември 2018 |

Филмот „Господарката на злото“ со Анџелина Џоли заработи 70 милиони долари

џоли

Филмот „Господарката на злото” (Maleficent) со Анџелина Џоли во насловната улога со заработени 70 милиони долари се искачи на првото место на филмови со најголема заработка изминатиот викенд во Северна Америка.

Минатонеделниот лидер „Икс-мен: Денови на идното минато”, падна викендов на второто место со заработени 31,6 милиони долари.

И покрај, големиот успех, „Господарката на злото” не може да се мери со другите неодамнешни успеси на екранизациите на светски познатите бајки во продукција на студијата „Дизни“ како што се „Алиса во земјата на чудата” која во 2010 година дебитираше со 116 милиони долари и „Волшебникот од Оз” кој првиот викенд од прикажувањето на минатата година заработи 79 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top