| четврток, 6 декември 2018 |

Идниот крал на Шпанија: поранешен олимпиец, скромен човек кој се венча од љубов

477229_princ-filip101reuters_f

Повеќе од половина Шпанци, вкупно 56 отсто верува дека принцот Филип ќе ја врати кралската репутација која беше нарушена со неколку скандали во последните години.

Принцот Филип води релативно скромен живот со својата жена Летиција и нивните две ќерки.

Иако делува многу мирно, наспроти неговиот татко, оние кои го познаваат велат дека е многу отворен и комуникативен.

– Остава добар впечаток бидејќи е висок, се облекува елегентно и многу е љубезен, а во исто време зрачи со топлина и ве опушта. Мислам дека ги поседува сите особини и вештини за да биде крал – изјави Карлос Морено.

Во ноември 2003 година се вери со Летиција Ортиз Рокасолано, популарна новинарка на „Си-ен-ен“. Шест месеци подоцна се венчаа во Мадрид, а 25 милиони луѓе ја следеа церемонијата. Летиција наскоро ја доби титулата принцеза.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top