| четврток, 6 декември 2018 |

Германска инвестиција ќе отвори над 500 работни места

Invest in macedonia-

Германска компанија ќе вработи од 500 до 600 луѓе во Македонија.

Премиерот Никола Груевски вечерва оствари средба со сопственикот на германската компанија „Техникал текстил“, Џенс Вандланд.

Оваа компанија донесе одлука за инвестирање во ТИРЗ Штип. Ќе изградат фабрика вредна 12 милиони евра во првата фаза и ќе отворат од 500 до 600 нови работни места.

Според планираното, инвестицијата ќе почне да се реализира многу скоро, од август 2014 година.

Одлуката вечерва беше соопштена од првиот човек на компанијата, а истата следи по долг период на договарања и преговори со македонската влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top