Гордоста на припадниците на администрацијата на американскиот претседател Барак Обама по ослободувањето на војникот Бови Бергдал не ја делат многумина негови соборци кои биле со него во Авганистан. Станува збор за ветерани и војници кои го обвинуваат дека бил дезертер и дека поради неговиот себичен однос животот го загубиле многу подобри личности од него.
– Тогаш кога наводно беше заробен бев бесен, сега кога е ослободен се чувствувам исто. Бергдал дезертираше во текот на војната а неговите колеги Американци ги загубија животите во потрага по него, изјави поранешниот наредник Мет Виеркант, член на водот на Бергдал во периодот на неговото исчезнување на 30 јуни 2009 година.
Наредникот тврди дека војникот Бергдал треба сам да и признае ја јавноста што направил и да се соочи со судење пред воениот суд поради дезертерство. Службите на американската администрација се уште не реагирале на овие обвинувања.
Околностите околу неговото исчезнување се обвиени со многу прашања. Особено е интересно прашањето како талибанците воопшто успеале да го заробат. Додека едни тврдат дека тој едноставно отишол со намера да дезертира, други се уверени дека тое е заробен за време на вршење нужда во тоалет.
Според информациите од војниците во неговиот вод, Бергдал на денот на исчезнувањето бил на стражарска позиција. Во еден момент го фрлил оружјето и само се оддалечил од местото без ништо на себе освен компас, нож, вода, дигитална камера и дневник. Во потрагата по него се убиени шест војници. Војниците кои биле негови пријатели морале да потпишат документ со кој потврдуваат дека нема на никој да кажат како тој исчезнал ниту за мерките преземени за да го вратат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.