СДСМ се обидува да постигне политички поени напаѓајќи го проектот за екстерно тестирање. Проектот на долг рок ќе даде резултати, односно пообразувана младина, повеќе знаење и умешност, оценува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција.
Партијата нагласува дека екстерното тестирање претставува една од најкрупните реформи во образовниот систем која ќе помогне во унапредувањето на образованието и неговото доближување до европските стандарди.
– СДСМ во ниту една своја влада не успеа да смогне сили да спроведе ваква реформа или било кој друг чекор кон унапредување во образованието. Во тој период немаше ниту бесплатни учебници, ниту задолжително средно образование, платите и достоинството на просветните работници беа сведени на минимум, а воопшто не се ни работеше за поголема достапност на високото образование. Тоа што е постигнато изминатите години јасно покажува дека СДСМ во своите мандати не реализирала ни процент од тоа што денес се прави во сферата на образованието, се вели во реакцијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со спроведување и континуирана надградба и усовршување на процесот на екстерното тестирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)