| четврток, 6 декември 2018 |

Пријавувањето за субвенциите во земјоделството трае до денеска

zemjodelstvo

Денеска е последниот рок за земјоделците да се пријават ако сакаат да добијат субвенции. Рокот истече во саботата, но бидејќи беше неработен ден, тој е продолжен до денеска.

Земјоделците можат да аплицираат по електронски пат, без доставување на документи, со услов претходно посевите и животните да им се евидентирани во единствениот регистар на земјоделски стопанства и регистарот на животни.

Исплатата на парите ќе се одвива според сезонскиот карактер на производството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top