| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ бара укинување на екстерното тестирање

eksterno-testiranje---janev[1]
СДСМ бара да се укине екстерното тестирање што од денеска до 10 јуни се спроведува во основните и средните училишта во Македонија.

Партијата предлага екстерното тестирање да се замени со мерки за редовна евалуација на учениците, наставниците и училиштата преку стимулативни награди.

Според СДСМ, проектот и годинава се спроведува хаотично, а спорно е и тоа што со јавното објавување на личните податоци на учениците се крши Законот за заштита на лични податоци.

– По низата критики од речиси цела општествена јавност, Министерството за образование наместо да го намали, го зголеми стресот што најмногу се рефлектира врз учениците, се вели во соопштението од СДСМ.

Оттаму оценуваат дека проектот е незаконски затоа што не може единицата од екстерното тестирање, којашто е заведена во свидетелство, да биде преодна оценка бидејќи согласно законот преодни оценки се од 2 до 5.

– Матурантите кои ќе сакаат да студираат надвор од државата, најдобро ќе го почувствуваат тоа. Проблем ќе имаат и домашните универзитети, коишто, ако примат ученик со такво свидетелство, ќе се соочат со кршење на законот, се наведува во соопштението

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top