Душан Лајовиќ е само куса епизода во историската мисија на Рафаел Надал на Ролан Гарос и обидот на Шпанецот да го освои рекордниот деветти трофеј во Париз.
Српскиот тенисер попладнево загуби од Надал со 1-6,2-6, 1-6 за само стотина минути игра на „Филип Шатрие“. Се што успеа да направи Лајовиќ е да му одземе еден сервис на расположениот шпански тенисер и тоа во финшот на мечот кога се беше решено.
Надал рутински стаса до четвртфиналето на турнирот на кој апсолутно доминира во новиот милениум. Досега нанижа 8 титули и е ко-рекордер според бројот на трофеи на Ролан Гарос. Во следната рунда ќе игра против сонародникот Давид Ферер, а до двоен рекорд на тениските терени во Париз му требаат уште 3 победи.
Ако успее пак да слави во „градот на светлината“ Рафа ќе биде тенисерот со најмногу титули во модерното доба на Ролан Гарос и единствениот во 123-годишната историја на турнирот со 5 едноподруго шампионски пехари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.