| четврток, 6 декември 2018 |

Штербик ѝ вели збогум на Барса, Вардар е новата дестинација на одличниот голман?

Арпад Штербик најави дека следниве неколку денови ќе бидат клучни за неговата иднина, односно каде ќе ја продолжи кариерата. Во изјава за „Ел Мундо депортиво“, шпанскиот репрезентативен голман вели дека до крајот на неделава ќе се знае сè.

– Има два тима што се заинтересирани за мене. Можеби ќе останам во Барселона, бидејќи имам договор со клубот на уште една година. Не знам ќе видиме, се ќе се знае за неколку денови – вели Штербик.

Тој не го спомна Вардар, но новинарите и медиумите во Шпанија велат дека тоа е сигурна варијанта, ако Арпад си замине од редовите на каталонскиот гигант.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top