| четврток, 6 декември 2018 |

Според „Емпајр“: „Војна на ѕвездите: Империјата го возвраќа ударот’“ – најдобар филм на сите времиња

549181924538a237ae82ca305126097_orig

Списанието „Емпајр“ спроведе анкета, во рамките на која повеќе од 250 илјади луѓе гласаа за најдобар филм на сите времиња.

Можеа да избираат меѓу 301 филм, а титулата за најдобар ја понесе Војна на ѕвездите: Империјата го возвраќа ударот („Star Wars: The Empire Strikes Back“).

„Емпајр“ ваква анкета последен пат спроведе во 2008 година. Тогаш на прво место заврши „Кум“ на Френсис Форд Копола, кој оваа година заврши на второто место.

Ова се топ 10 најдобри филмови на сите времиња,

1.„Војна на ѕвездите: Империјата го возвраќа ударот “

2. „Кум“

3. „Темниот витез“

4. „Бегството од Шошенк“

5. „Евтини приказни“

6. „Војна на ѕвездите: Нова надеж“

7. „Господар на прстените: Дружината на прстенот“

8. „Ајкула“

9. „Крадците на изгубениот ковчег“

10. „Почеток“ (Inception)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top