Хокеарите на Лос Анџелес кингс уште еднаш покажаа дека се врвни мајстори, особено за мајсторки, за дуели што решаваат кој ќе оди понатаму во плејофот за титулата. Пехарот може да дојде во градот на филмот по победата на Кингс против Чикаго во седмиот меч од финалната серија на Западната конференција против Чикаго блекхокс.
Кралевите славеа со 5-4 по продолженија и ќе играат со Њујорк ренџерс за вредниот трофеј, за Стенли купот. Алек Мартинез е јунакот на Ел-еј, а тој го постигна голот на одлука за пласман во финалето во шестата минута од продолжението. Лос Анџелес сега имаат скор од 7-0 во седмите натпревари од плејоф сериите, а само годинава дури во три случаи беа подобри од ривалите во решавачкиот меч.
Најпрво се вратија од 0-3 против Сан Хозе и минаа понатаму со 4 победи по ред, потоа губеа и од Анахејм со 2-3, но пак како феникс се вратија од работ на елиминација со две клучни победи, а и во финалето на Западот славеа во седмата рунда и го елиминираа Чикаго со 4-3.
Во финалето против Њујорк. Кингс ќе ја имаат предноста на домашен терен, а серијата ќе почне во среда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


