
Холивудската актерка Анџелина Џоли призна дека има повеќе заеднички карактеристики со посвоениот син Медокс, отколку со децата што ги роди во врската со Бред Пит.
Актерката и мајка на шест деца изјави дека мајчинството ја научи дека децата по раѓање добиваат свој карактер.
– Ако ги погледнете фотографиите на нашите деца ќе видите дека тие денеска се такви какви што биле кога биле бебиња – изјави Џоли.
Според неа, децата најчесто го создаваат карактерот по раѓањето, а таа и Бред само им даваат поддршка и ги охрабруваат во тоа што се.
Од вкупно шест деца, три се посвоени.
– Да се надеваме дека нашите деца нема да станат актери. Сакаме да го работат тоа што ги интересира – вели Џоли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


