| четврток, 6 декември 2018 |

Евроинтеграциите на западен Балкан на маса на Работниот ручек

Заклучокот од Работниот ручек кај Претседателот на Република Македонија со амбасадорите од земјите од Западен Балкан и со амбасаорите на Словенија и на ЕУ евроинтеграцијата на сите земји од Западен Балкан има посебно значење, а продолжувањето на интеграцијата позитивно ќе влијае и на состојбите во регионот

03 Претседателот Иванов и амбасадорите се согласија дека европската интеграција треба да се гледа пред сè низ призма на обединување на општествата низ политички, етнички и социјален консензус, понатаму како алатка за исполнување на стандардите и критериумите што ќе доведе до подобрување на целокупните општествени перформанси, и конечно како алатка која ги упатува земјите на тесна соработка и заемна соработка.

Претседателот Иванов повторно истакна дека одредувањето на датум за почеток на преговори со Европската унијата има суштинско значење за Република Македонија, но и за процесот на проширувањето како најуспешна политика на ЕУ.

Околу актуелните состојби  нагласено е дека сите отворени прашања треба да се решаваат со дијалог, меѓусебна почит и разбирање, и во духот на добрососедството и европските стандарди.  Иванов изрази очекување за конструктивност и успешност на претстојните регионални средби чиј домаќин е Македонија, како и надеж дека македонските претседавања со Процесот на соработка во Југоисточна Европа и Дијалогот на цивилизациите активно ќе придонесат во унапредување на соработката во регионот.

04Во однос на билатералните односи во Западен Балкан, констатирано е дека тие се на одлично ниво, но како области со неискористени потенцијали посочени се економијата, трговската размена и инвестициите. Воедно, на средбата беше посочено и значењето од што поскоро завршување на инфраструктурите проекти од интерес за целиот регион, Јадранско-јонската магистрала и коридорите 8 и 10.

На од лани традиционалниот ручек кај Претседателот на Република Македонија присуствуваа Шефот на делегацијата на Европската унија Аиво Орав, амбасадорот на Република Словенија Бранко Раковец, амбасадорот на Хрватска Златко Крамариќ, амбасадорот на Црна Гора Душан Мрдовиќ, амбасадорот на Босна и Херцеговина Здравко Беговиќ, амбасадорот на Албанија Арбен Чејку, амбасадорот на Косово Илбер Хиса и вршителот на должност во амбасадата на Србија Душанка Дивјак -Томиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top