Германскиот ракометен тим на Фленсбург е нов европски ракометен првак, а повторно со пресврт на сензационален начин го совлада и фаворизираниот Кил за прв пехар во Лигата на шампионите.
Фленсбург покажа дека има карактер и седум животи, откако најпрво од изгубена ситуација се врати во Скопје против Вардар во четвртфиналето, па потоа на неверојатен начин се извлече и против Барселона во полуфиналето и за прекрасен финиш и клупска бајка го урна и Кил.
Против Вардар на две минути до крајот на реваншот, Фленсбург речиси беше елиминиран, но со два гола на Гландорф и на Егерт се спаси од елиминација и отпатува за Келн, веројатно со најмали шанси за титулата во конкуренција на Барселона, Кил и на Веспрем.
Но и во „Ланксес“ арената ракометарите на Фленсбург играа извонредно, иако постојано беа на работ на елиминавција. Со Барселона во последните десетина минути надоместија негатива од 6 гола, со погодокот на Гландорф во последните секунди се изборија за продолжение, потоа и таму бркаа негативам, за да го елиминираат гигантот на пенали.
Денеска во финалниот меч, за нив трети во клупската историја ја освоија титулата со победа од 30-28, а и тука имаа 6 погодоци минус, бидејќи Кил вбодеше со 12-6 во првиот дел.
Матијас Андерсон бранеше магично за Фленсбург и со 21 одбрана е најзаслужен за првата европска круна. Шведскаиот ветеран имаше фантастични потези на голот на новиот шампион, а поддршка стаса и од Сван и Егерт кои дадоа по 7 гола, Одличен беше и Гландорф, како и сите ракометари на Фленсбург, тим што стана една од најсимпатичните спортски приказни сезонава.
Во мечот за третото место Барселона го победи Веспрем со 26-25.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



