Новак Ѓоковиќ игра импресивно и сигурно чекори кон единствениот гранслем трофеј што го нема во колекцијата, од Ролан Гарос во Париз. Попладнево српскиот ас го декласира францускиот тенисер Жо Вилфрид Цонга со само 6 загубени игри.
Во првиот и третиот сет Новак одигра фуриозно и славеше со по 6-1, а малку повеќе возбудувања со единствениот брејк за Цонга имаше во вториот сет, што второрангираниот тенисер на планетата сепак го доби со 6-4. Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против моќниот сервер Милош Раониќ од Канада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


