| четврток, 6 декември 2018 |

Бразилските проститутки учат англиски за Светското

brazil 1Весниците во Бразил пишуваат дека бразилските проститутки се подготвуваат за Светското првенство со часови по англиски јазик и апаратчиња за кредитни картички. Британскиот весник Индепендент пишува за животот во лиценцираните бордели, особено во Бело Хоризонте, каде репрезентацијата на Англија ќе ги игра групните мечеви.

brazil2Според локалците, третиот по големина град во Бразил со пет милиони жители има над 12 илјади угостителски објекти. Други го паметат по најголемиот пораз на англиската репрезентација од 1950 година. Но за петилјадната англиска публилка, кои имаат билети за натпреварите, можеби најинтересни ќе се 23-те бордели во Бело Хоризонте.

Околу две илјади проститутки кои работат во центарот на градот, собрани на најгорниот спрат на еден шопинг центар, добиваат часови по англиски јазик од волонтери. Целта е „да се разберат и да заработат“ од шесте фудбалски меча кои ќе се одиграат на Минеирао стадионот.

brazil3-Со сигурност градските прститутки ќе заработат од Светското првенство. Во ноќните клубови ќе заработат многу. Нормално е странците да ги бараат, тие секогаш ги бараат, а сега ќе има многу странци. Тие ќе поминат многу добро- оценува педесетгодишна жена која работи со волонтерите.

Целата репортажа на Индепендент може да ја прочитате тука.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top