| четврток, 6 декември 2018 |

Со соблекување до универзитетска диплома (Видео)

studenticastriptiz_1062014_screenСтудентка од Универзитетот Мериленд со соблекување си ги плаќа студиите по политички науки и шпански јазик. Работи како стриптизета секој втор викенд во Њујорк, од каде заработува над 180 илјади долари годишно, објавија западните медиуми.

Всушност таа работи како стриптизерка за да нема долг од студентскиот кредит. Школарините во САД се прилично високи и поголем дел од студентите се задолжуваат со кредити уште пред да почнат да заработуваат.

Но оваа млада дама нема да го има тој проблем. Во нејзиниот клуб работат 24 девојки кои исто така се студентки.

-Родителите беа вчудоневидени кога дознаа што работам- раскажува Меги но и додава дека заради платата од стриптизот има и повеќе време за учење. Работела и како келнерка, за што вели дека е грозно искуство.

-Поголемо непочитување доживував како келнерка отколку како стриптизета. Тогаш работа ви е да ги служите луѓето, а тука им правите друштво- оценува идниот политиколог.

 


ABC US News | ABC International News

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top